Нови приведувања во случајот со ФФМ: Уште четворица осомничени


Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот.

Според краткото соопштение на Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка.

За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на присуство во текот на постапката.

Од Обвинителството посочуваат дека преостанатите две лица ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на денешниот ден.

Надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали за осомничените, ниту за конкретните дејствија што им се ставаат на товар во рамките на истрагата за ФФМ.

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари