Нови правила за последниот круг од предизборната ТВ дебата Трамп-Бајден


Нови правила се воведуваат за последниот круг од предизборната ТВ дебата Трамп-Бајден, побара Комисијата за контрола на претседателските избори во САД.

Комисијата објави дека може да биде исклучен микрофонот на кандидатот кој не добил збор од водителот за другиот да може да одговори две минути без да биде прекинуван за поставеното прашање.

Двајцата претседателски кандидати се согласија да учествуваат во последната предизборна телевизиска дебата во градот Нешвил, Тенеси, задутре. Само штабот на Доналд Трамп изрази незадоволство од воведувањето нови правила во дебатната ТВ-програма.

Таа иновација беше воведена затоа што за време на претходната емисија, Трамп постојано го прекинуваше неговиот демократски ривал и водителот на емисијата, што предизвика остри критики од јавноста.