Нови пожари во Франција. 200.000 луѓе ќе бидат евакуирани


Француските пожарникари засега не можат да ја запрат огнената стихија

Шумски пожари повторно се разгореа во југозападна Франција, заканувајќи се на неколку градови, а властите се подготвуваат за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе. Иако ситуацијата изгледаше под контрола кон крајот на минатата недела, екстремната топлина и силните ветрови ја влошија ситуацијата на терен во текот на викендот.

Низ јужна Европа, особено во Шпанија и Франција, пожарникарите со недели се борат со пожари кои уништија стотици илјади хектари вегетација.

Заштита на станбени области
Еден од пожарите што повторно се разгоре е во општината Сен-Жан-д’Илак. Шефот на противпожарната служба Томас Мимијак потврди дека на местото на настанот се испратени големи сили.

„Ние сме во задниот дел од пожарот што избувна во неделата околу 15 часот. Поради временските услови, ангажиравме значителни сили, кои се фокусирани на гаснење на шумскиот пожар, но и на превентивна заштита на куќите“, рече Мимијак.