Нови плажи се уредуваат на Дојранското езеро

Се работи на расчистување на теренот,чистење на езерото и рамнење и отворање на просторот за новите плажи кои треба да бидат готови за неколку дена.
На забелешката на граѓаните и присутните гости зошто се гради во време на туристичка сезона,градоначалникот Анго Ангов одговори дека темпото на работа го диктираат средствата.
–Општината ги немаше на располагање потребните средства за изведување на активностите.Веднаш штом пристигнаа почнаа работите на терен кои ќе завршат во договорениот термин и за време на Илинденскиот викенд Дојран ќе биде побогат со нови плажи во должина од околу 350 метри крајбрежна линија,рече Ангов.
Реализацијата на проектот чини 5 милиони денари од кои 4,5 милиони денари обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,а околу половина милион денари општината Дојран.