Нови мерки на хрватските граници – од денес сите земји од ЕУ мора да го имаат документот


Километарски колони создадени на граничните премини со Хрватска, затоа што граѓаните на ЕУ не биле информирани за новата одлука – дека е задолжително да имаат „зелен пасош“ за секого.

Во Хрватска стапи на сила Регулативата за дигиталниот сертификат на ЕУ, како и новата одлука за преминување на границата, според која граѓаните на ЕУ можат да влезат во Хрватска без ограничувања, покажувајќи го сертификатот. Хрватските погранични власти започнаа да бараат од сите патници нов таканаречен „зелен пасош“, без оглед од каде доаѓаат, што доведе до колони долги километри на граничните премини, пишува виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“.Тие наведуваат дека патниците морале да чекаат повеќе од три часа на преминот Горичан кон Унгарија поради новата мерка на хрватските власти. Овој премин го користат многу Чеси, Полјаци и Словаци кои патуваат во Хрватска преку Унгарија, поради што реагираше владата во Прага. Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека неговата земја не е информирана за промената на режимот за влез во Хрватска. „Бевме целосно изненадени од промените“, рече тој. Се проценува дека ова лето половина милион Чеси ќе одат на море во Хрватска.