Нови фотографии од мама Кејт: Принцот Џорџ полни 6 години


Англија- Принцот Џорџ, трет во линијата за британскиот трон, денес го слави 6. роденден. Од Кесингтонската палата пристигнаа три нови официјални портрети што по традиција ги сликаше мама Кејт, војвотката од Кембриџ.

Кралското семејство ќе го прослави роденденот на Џорџ на карипскиот остров Мистик каде семејно заминаа на одмор.