Нови четири жртви и над 300 заболени во Косово последните 24 часа


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.532 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа четири од лицата заразени од корона вирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.787 тестови со методот РТ-ПЦР (256.355 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 307 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 63.089. Од нив болеста досега ја совладале 54.661 лице, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 221 пациент.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 6.896 активни носители на коронавирусот.