Нови „бомби“ против Јанушев и Заев


Нови прислушувани разговори се појавија денеска на Јутјуб. Едните се однесуваат за генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев кој разговара со Миле Јанакиески за листи на вработени и за некои несовпаѓања на оние вработени кои се одбележани. За разлика од досега објавените бомби, ова не е снимен разговор од состанок, туку станува збор за прислушуван разговор и е постар.

Паралелно се објавија и нов дел од средбата на Зоран Заев со Александар Верушевски, син на екс-разузнавачот Зоран Верушевски. На овој дел од снимката Заев објаснува дека целосно го контролира СДСМ, сам го финансира и оти не му треба Бранко Црвенковски. Заев самиот кажува дека има капитал од 8,5 милиони евра.

Исто како и во претходните аудиоснимки, објавени на 29 јуни, гласот на неговиот соговорник е мутиран, но и во нив атмосферата потсетува на снимките за кои Заев кажа дека потекнуваат од ручек во Струмица од летото 2016 година, на кој бил со Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски.