Нови „бомби“ на кои Мицкоски разговара со осумте независни пратеници за Законот за ЈО


Фото: Б. Грданоски

На последниот ден од изборната кампања на Јутјуб се појавија нови снимки на кои се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал тајни средби со осумте исклучени пратеници кои ги убедувал да не гласаат за Законот за јавното обвинителство.

Мицковски им вели на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство и посочува дека власта има намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците.

На една од снимките, Мицкоски им зборува како тој рекол во сите партиски општински комитети да не ги напаѓаат независните пратеници, додека на друга снимка се слуша како им вели дека ќе дошол ден кога ќе се открие целата вистина и дека и тие како пратеници ќе можат после изборите да ја откријат вистината на јавноста.