Нови 98 случаи со Ковид-19, оздравени 56 пациенти, двајца починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2.

Како што информира Министерството за здравство, починати се две лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 56 оздравени пациенит, од кои во Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791,  бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6309, активни 564

• Куманово 1602, активни 221

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1204, активни 76

• Прилеп 562, активни 139

• Тетово 1301, активни 127

• Струга 625, активни 62

• Велес 287, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 392, активни 60

• Кавадарци 202, активни 31

• Гостивар 854, активни 97

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 46

• Крива Паланка 82, активни 37

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 186, активни 52

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 31

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 34

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 21

• Кичево 290, активни 37

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.253 теста се преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-43, Авицена-274,  Биотек-90 , МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-156, Инфективна клиника-2, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет  мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 52

• Гази Баба – 76

• Аеродром – 97

• Карпош – 68

• Центар – 75

• Кисела Вода – 55

• Ѓорче Петров – 27

• Бутел – 35

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 10

• Сарај – 17

• Арачиново – 8

• Илинден – 12

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-6

Надлежните апелираат да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете.