Нови 96 заразени во Србија, тројца починаа
Во Србија во последните 24 часа починаа тројца пациенти од последиците од Ковид-19, а забележани се нови 96 случаи на заразени со корона вирус.
Од почетокот на епидемијата во Србија забележани се 31.772 случаи со корона вирус, а починаа 721 луѓе. Во болница се 522 пациенти.
„Потребен е само еден настан и за две недели повтроно да почне ширењето“, предупреди епидемиологото Предраг Кон на конференција за медиумите на Кризниот шраб и повика да останат внимателни и да ги почитуваат епидемиолошките мерки.