Нови 96 заболени од Ковид-19, тројца починати


Фото: Б. Грданоски

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 729 тестови, при што се регистрирани 96 нови случаи со Ковид-19, како и едно починато лице во болнички услови од Прилеп на 69-годишна возраст и 37 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се регистрирани уште две починати лица од Скопје (81г и 91г), кои починале во домашни услови.

Од 96 новозаболени од Скопје се 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Од 37 оздравени пациенти од Скопје се 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.

Направени се 729 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-24, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-15, Биотек 16, Систина-5, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-2, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-4, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534, а на активни случаи изнесува 435.