Дневен извештај за короната: Нови 868 случаи на Ковид-19, починаа 15 лица
Во последните 24 часа регистрирани се 868 нови случаи на Ковид-19, со што бројката на активни случаи во земјава изнесува 10.872. Оздравени се 355 пациенти и починати се 15 лица, информира денеска Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на Ковид-19, што повторно изнесува високи 23,7 отсто.
Според градови: Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од, од кои во Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци – по 2, Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се 15 починати лица. Од нив петмина се од Скопје на 86, 81, 72, 71 и 64 годишна возраст, по двајца пациенти од Тетово (72 и 59 години) и Охрид (78 и 57 години), и по еден пациент од Прилеп (80), Куманово (71), Штип (64), Кавадарци (65), Битола (73) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 424 ново заболени и 5 258 активни, Прилеп – 72 ново заболени и 792 активни, Куманово – 42 ново заболени и 418 активни, Тетово – 28 ново заболени и 322 активни, Гостивар – 15 ново заболени и 251 активни, Штип – 14 ново заболени и 163 активни, Кавадарци – 27 ново заболени и 597 активни, Велес – 21 ново заболени и 295 активни, Битола – 34 ново заболени и 273 активни, Охрид – 31 ново заболени и 465 активни, Струмица – 9 ново заболени и 195 активни, Струга – 10 ново заболени и 171 активни, Кочани – 15 ново заболени и 137 активни, Кичево – 5 ново заболени и 51 активни, Неготино – 26 ново заболени и 392 активни, Гевгелија – 20 ново заболени и 302 активни, Свети Николе – 1 ново заболени и 33 активни, Крива Паланка – 11 ново заболени и 140 активни, Ресен – 5 ново заболени и 76 активни, Дебар – 16 активни, Радовиш – 2 ново заболени и 30 активни, Делчево – 1 ново заболени и 48 активни, Берово – 10 ново заболени и 50 активни, Пробиштип – 3 ново заболени и 35 активни, Виница – 23 активни, Валандово – 8 ново заболени и 32 активни, Крушево – 11 ново заболени и 105 активни, Богданци – 6 ново заболени и 70 активни, Кратово – 1 ново заболени и 25 активни,Демир Хисар – 3 ново заболени и 38 активни, Демир Капија – 8 ново заболени и 46 активни, Македонски Брод – 2 ново заболени и 8 активни и Македонска Каменица – 2 активни.