Нови 85 милиони евра за малите и средни претпријатија во Западен Балкан од ЕБОР и ЕУ


ЕБОР и ЕУ подготвуваат дополнителен финансиски пакет за МСП на Западен Балкан – првата заедничка програма за помош на бизнисите во надминување на влијанијата од корона вирусот предвидува до 70 милиони евра кредити од ЕБОР и 15 милиони евра во ЕУ фондови за натамошно кредитирање

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на корона вирусот.

Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.

Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.

ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици. Средствата ќе обезбедат улови виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансиите, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на Европските пазари.

,,Остануваме цврсто посветени на поддршката на бизнисите и во овие тешки времиња“, изјави Пјер Хеилброн, Подпретседател за политика и партнерство, ЕБОР. Нашите дополнитени средства ќе бидат поддршка во обновувањето, растот и подготовката за иднина. Овој ангажман е сведоштво на нашето силно партнерство и соработка со ЕУ и со Западен Балкан.

Оливер Вархели, Комесар на Европската Унија за соседни земји и проширување, изјави: Малите и средни претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан, а беа значително погодени од оваа криза. Заради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување на основа за одржливо обновување.

ЕБОР е една од најголемите институции кои инвестираат на Западен Балкан. До денес, имаат инвестирано над 13 милијарди евра во над 700 проекти, вклучувајќи клучна инфраструктура, сегменти во мали и средни претпријатија и зелената економија.