Нови 75 случаи на Ковид-19, пријавени двајца починати


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на Ковид-19, од направени 937 тестови. Како што информира Министерството за здравство согласно Институтот за јавно здравје, оздравени се 60 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица, во период од 15 мај до 7 јуни оваа година.
 
Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. 
 
Од новите Ковид-19 случаи регистрирани последните 24 часа, во Скопје се 61, Битола 6, Кочани 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и Пробиштип по 1.
 
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции.
 
Регистрирани сe 60 оздравени пациенти од: Скопје – 29, Битола – 10, Штип – 7, Гостивар – 5, Тетово – 2, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Делчево, Берово и Крушево – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
 
Направени се 937 тестови преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–32, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-37, Биотек-20, Систина-37, лабораторија Лаор-9, Синлаб-6, Ремедика-15, Плодност-5, Генеа-5, Никоб Лаб-33, ВФВ Медикал-7, Ели МедикаПлус-15, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 415.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.