Епидемијата силно се врати: голем пораст на нови инфекции – денеска 725 заразени
Ден по ден се зголемува бројот на новите позитивни случаи од корона вирусот во Македонија. Како да доаѓа третиот или четвртиот бран. Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на Ковид-19. Со тоа бројката на позитивни примероци стигна до 21,69 отсто. Вчера беше 18 проценти. Ова покажува дека заразата се шири и дека веројатно ќе бидат потребно враќање на некои рестриктивни мерки.
Починаа 13 лица. Бројот на активно заболени пак се искачи над 7.000 лица. Вкупната бројка на официјално инфицирани лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000, што изнесува пет отсто од населението, барем според официјалната статиските за бројот на жителите.
Според градови, и натаму Скопје, Прилеп и Кавадарци се на врвот на листата.
-Скопје 274
-Прилеп 79
-Кавадарци 55
-Тетово 39
-Куманово 34
-Охрид 29
-Гевгелија 26
-Неготино 25
-Велес 24
-Штип 20
-Гостивар 18
-Битола 16
-Струмица 13
-Кочани 12
-Струга и Крива Паланка по 11
-Богданци 6
-Крушево 5
-Ресен 4
-Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3
-Кичево 2
-Берово 1
Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85, 78, 72, 64) и Куманово (70, 63, 57, 50) и по еден пациент од Тетово (66), Прилеп (72), Битола (71), Велес (75) и Пробиштип (83). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:
-Скопје 125
-Прилеп 19
-Кавадарци 13
-Струмица 9
-Велес 6
-Битола 5
-Тетово, Куманово и Неготино 4
-Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3
-Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2
-Кочани, Крива Паланка и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.