Нови 72 случаи на Ковид-19, пријавени две починати лица


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 и 54 оздравени пациенти, а направени се 1.124 тестови.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од вкупниот број позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.

Од новите 72 случаја, во Скопје се 53, Битола 8, Тетово, Охрид и Берово по 2 и Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија по 1. Од оздравените пациенти, пак, 34 се од Скопје, Штип 5, Охрид 4, Битола и Берово по 3 и Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино по 1.

Изминатите 24 часа починати лица не се пријавени, но согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Охрид (82) и Велес (74). Едно лице е починато во домашни, а едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.

Направени се 1.124 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-25, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-11, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-20, Биотек-42, Систина-35, лабораторија Лаор-43, Синлаб-7, Ремедика – 4, Плодност-10, Генеа-3, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 589.

Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.