Нови 652 случаи во Италија, починаа уште 130 пациенти


 

Во Италија денеска починаа уште 130 пациенти заболени од корона вирус, што е помалку од вчера, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

СО ова вкупниот број жртви од почетокот на епидемијата на 21 февруари достигна 32.616, според што Италија е на трето место место во светот по САД и Британија.

Бројот на заразени порасна за 652, па вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 32.616.

Но, статистичарите веруваат дека во Италија како и во многу други земји бројот на починати од корона вирус е поголем, затоа што имало многу пациенти кои не биле тестирани на вирусот, пренесе Ројтерс.

Исто така, од почетокот на епидемијата во Италија регистрирани се 228.658 случаи од корона вирус.

Активни се повеќе од 59.000, а на интензивна нега се 595 пациенти. Оздравеа 136.720 луѓе.

Италија има 60 милиони жители, а до сега тестираше 2,12 милиони луѓе.