Нови 642 жртви на ковид-19 во Франција


Нови 642 смртни случаи како последица на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во Франција, со што бројот на жртвите достигна 19.323.

Според податоците дадени од француските здравствени власти од почетокот на епидемијата на 1 март, во француските болници починале 11 842 лица, додека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица 7 481.

Бројот на пациентите кои се наоѓаат на болничко лекување од Ковид-19 изнесува 30 639, односно 551 помалку од вчера. На интензивна нега се наоѓаат 5.833 пациенти, односно 194 помалку во споредба со петокот. Ова е десетти ден по ред како што се намалува бројот на пациентите на интензивна нега и четврти ден по ред како се намалува бројот на хоспитализираните.

На почетокот од епидемијата Франција располагаше со само 5.000 кревети на интензивна нега.