Нови 60 случаи на Ковид-19, преку „Мој термин“ пријавени две починати лица
Во последните 24 часа, регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19 од направени 842 тестови, 63 оздравени пациенти, не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица во период од 05.05. до 08.06.2022 година, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 60 случаи, од Скопје се 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Од 63 оздравени пациенти, од Скопје се 36, Битола – 10, Штип – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Прилеп и Струмица – по 2, Тетово, Ресен и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г). Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 05.05. до 08.06.2022 година.
Направени се 842 тестови преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-15, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-17, Авицена-20, Биотек-25, Систина-30, лабораторија Лаор-14, Синлаб-11, Ремедика-7, Плодност-6, Генеа-12, Никоб Лаб-50, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-3, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 382.
Досега во земјата се направени вкупно 2.069.427 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.807, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320, а бројот на активни случаи изнесува 359.