Нови 59 заболени во Србија, еден пациент почина


Во Србија, според последните информации, во последните 24 часа има регистрирано 59 новозаболени.
Еден пациент со Ковид-19 почина.
Во последниот ден тестирани се 5.470, а вкупно 313.483 од почетокот на епидемијата.
Досега заразени се 12.426 лица, а во моментот 546 се активни случаи.
На респиратор се 15 пациенти.