Нови 358 инфекции, бројот на починати надмина 3.000
Пандемијата со корона вирусот е на стабилно ниво, но не се намалува. Во последните 24 часа има 358 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.275 тестирања, што е 15,17 отсто од тестовите. Тоа е во рамките на просекот во текот на неделата, ако се исклучат двата дена од викендот кога генерално има помалку тестирања. Починаа пет лица.
Нови инфекции според градови:
Од починатите пет лица тројца се од Скопје (91, 80 и 58) и по едно од Кавадарци (73) и Прилеп (62). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти:
Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.