Нови 333 заразени во БиХ, тројца починаа


Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа тестирани се 1.513 примероци на корона вирус од кои 333 се позитивни. Од нив во Федерацијата позитивни се 244, а во Република Српска 89. Починаа тројца пациенти.

Во Федерацијата биле направени 928 примероци, од кои 244 позитивни, а досега тестирани се 117.124 примероци, од кои 12.007 биле позитивни

Излечени се 8.403 пациенти, а акотивни 3.273. Починале двајца пациенти со што бројот на жртви од корона вирус се искачи на 331.

Во Република Српска во последните 24 часа тестирани се 585 примероци на коорна вирус од кои 89 биле позитивни. Почина едно лице, а вкупниот број починати е 245. Вкупно заболени се 7.257, оздравеле 4.254 пациенти, а вкупно тестирани се 63.909.