Нови 325 случаи од Ковид-19 во Романија


 

Романската група за стратешки комуникации соопшти денеска дека во последните 24 часа евидентирани се 325 новозаболени од Ковид-19.

Вкупно од почетокот на епидемијата регистрирани се 26.022, јави агенцијата Рома.

До сега излечени се вкупно 18.530 луѓе, додека бројот на починати од инфекција со корона вирус во последните 24 часа поразна за 10 и изнесува вкупно 1.589 смртни случаи.

Од десетте починати, шест биле мажи, а четири жени. Сите се лечеле и од други болести.