Нови 310 случаи со Ковид-19, починаа вкупно шест пациенти


Фото: Б. Грданоски

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи со Ковид-19, четири починати и 355 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 310 новозаболени од Скопје се 180, Битола 29, Прилеп 21, Охрид 14, Куманово 10, Кавадарци, Велес и Делчево по 9, Гостивар 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип по 2 и Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Од 355 оздравени пациенти од Скопје се 198, Битола 26, Кавадарци 19, Охрид 16, Прилеп 12, Куманово 11, Штип 9, Велес, Делчево и Кичево по 8, Неготино 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар по 4, Тетово, Струмица и Ресен по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка по 2 и Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица по 1.

Од четирите починати, две се од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 година.

Кај сите шест вкупно починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.776 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-17, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-108, Биотек-176, Систина-70, лабораторија Лаор-65, Синлаб-9, Ремедика-18, Плодност-20, Генеа-13, Никоб Лаб-202, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.258.

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а на активни случаи изнесува 1.782.

Дистрибуција по градови

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 143.212, Активни 1.006
Куманово 16.536, Активни 47
Битола 14.741, Активни 157
Прилеп 13.962, Активни 90
Тетово 13.411, Активни 39
Кавадарци 10.456, Активни 78
Велес 9.667, Активни 34
Гостивар 9.529, Активни 18
Охрид 8.707, Активни 65
Струмица 7.991, Активни 22
Штип 7.963, Активни 11
Кичево 5.550, Активни 40
Кочани 5.043, Активни 27
Струга 4.687, Активни 7
Гевгелија 4.361, Активни 21
Неготино 3.655, Активни 11
Ресен 2.670, Активни 11
Свети Николе 2.613, Активни 1
Радовиш 2.514, Активни 11
Крива Паланка 2.403, Активни 0
Делчево 1.937, Активни 30
Дебар 1.668, Активни 10
Берово 1.636, Активни 5
Валандово 1.474, Активни 4
Виница 1.377, Активни 7
Пробиштип 1.263, Активни 5
Богданци 1.019, Активни 7
Кратово 960, Активни 3
Крушево 919, Активни 8
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 2
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 343, Активни 1.