Нови 235 случаи со корона вирус во Босна и Херцеговина, седум жртви

 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направеи се повеќе од 2.000 тестови, а корона вирусот е потврден кај 235 лица.

Во Федерацијата биле тестирани 1.487 примероци, од кои 154 позитивни. ДОсега вкупно се тестирани 150.524 примероци, а вирусот е потврден кај 17.033 лица.

До денеска излечени се 12.915 пациенти. Активни се 3.631 случаи.

Во Федерацијата во 24 часа пријавени се 12 нови жртви на корона вирус, шест починале во последното деноноќие, а пет во претходните денови, а денеска се пријавени.

Вкупно починаа 487.

Во Република Српска тестирани се 544 примероци, од кои 81 биле позитивни.

Пријавен е еден сммртен случај.

Досега во РС потврдени се 8.976 случаи со корона вирус, а починаа 294 пациенти.

Оздравеа 5.948, а тестирани се 76.717 лица.