Нови 197 заболени во Хрватска, починаа четворица


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 197 нови случаи на зараза со корина вирус, па бројот на активни счучаи денеска изнесува 2.138.

Во болница се лекуваат 281 пациенти, а на респиратор се 21.

Починаа четворица пациенти.

Од февруари досега во Хрватска забележани се 14.922 лица заболени од новиот корона вирус, од кои 248 починаа, а оздравеа 12.536, од кои 183 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 9.475 лица.

ДО денеска вкупно се тестирани 258.864 примероци, а 4.384 во последниот ден.