Нови 168 со корона вирус, починаа тројца, а 70 оздравеа


Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19.

– Скопје 83
– Куманово 8
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 3
– Тетово 26
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 8
– Гостивар 8
– Крива Паланка 1
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Свети Николе 4
– Кичево 6
– Ресен 1

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

– Скопје 48
– Тетово 18
– Велес 1
– Гостивар 1
– Кочани 1
– Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586.

Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3.656, активни 1.928
•       Куманово 818, активни 179
•       Дебар 120, активни 67
•       Штип 411, активни 166
•       Прилеп 289, активни 58
•       Тетово 831, активни 351
•       Струга 288, активни 187
•       Велес 198, активни 36
•       Битола 65, активни 24
•       Охрид 218, активни 189
•       Кавадарци 22, активни 15
•       Гостивар 188, активни 115
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 18, активни 10
•       Крива Паланка 18, активни 12
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 8, активни 4
•       Кочани 76, активни 17
•       Пробиштип 30, активни 19
•       Демир Хисар 3, активни 2
•       Македонски Брод 7, активни 5
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3,
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 6, активни 3
•       Свети Николе 58, активни 51
•       Кичево 58, активни 49
•       Ресен 129, активни 88
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Клиника „Жан Митрев“ -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 пациенти, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.