Нови 16 случаи, починаа тројца пациенти


Фото: Б. Грданоски

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти.

– Скопје 3
– Тетово 11

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 9
– Штип 5
– Струга 1
– Гостивар 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Kовид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се седум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, се наведува во соопштението од Министерството.