Нови 159 случаи на Ковид-19, пет починати, оздравени 212 лица


Фото: Б. Грданоски
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19. Починати се пет лица, а оздравени 212 пациенти.
Во Скопје регистрирани 45 нови случаи, во Куманово – 26, Дебар – 9, Штип – 10, Прилеп – 12, Тетово – 5, Струга – 4, Велес – 4, Битола – 2, Охрид – 2, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 3, Струмица – 4, Крива Паланка – 6, Кочани – 2, Пробиштип – 2, Пехчево – 3, Берово – 1, Делчево – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 1.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово – 42, Штип – 49, Прилеп – 3, Тетово – 10, Струга – 2, Битола – 4, Охрид – 1, Гостивар – 45, Струмица – 2, Крива Паланка – 1, Радовиш – 6, Пробиштип – 6, Македонски Брод – 3, Свети Николе – 1, Кичево – 2.
Починати се пет лица, пациентка од Скопје (61), двајца пациенти од Дебар (43 и 86), пациент од Кичево (62) и пациент од Демир Хисар (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.163,  бројката на оздравени пациенти е 10.933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.640. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.864, активни 8.54
• Куманово 1.447, активни 356
• Дебар 252, активни 85
• Штип 1.129, активни 175
• Прилеп 447, активни 101
• Тетово 1.208, активни 175
• Струга 557, активни 61
• Велес 269, активни 30
• Битола 201, активни 39
• Охрид 333, активни 31
• Кавадарци 180, активни 78
• Гостивар 767, активни 230
• Гевгелија 45, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 63, активни 24
• Крива Паланка 45, активни 16
• Радовиш 41, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 140, активни 27
• Пробиштип 80, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 70, активни 17
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 51, активни 42
• Валандово 8, активни 1
• Виница 64, активни 36
• Делчево 49, активни 43 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 17, активни 2
• Свети Николе 282, активни 58
• Кичево 269, активни 73
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.018 теста се преку: ИЈЗ-866 ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-255,  Биотек-271, МАНУ -99, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –44, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-4, ГАК-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 145.705 тестирања на Kовид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно се хоспитализирани  39 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 117
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 105
• Карпош – 86
• Центар – 85
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 20
• Сарај – 26
• Арачиново – 16
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 5
• Нераспределен – 4