Нови 135 случаи со Ковид-19, едно починато лице
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.
Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на Ковид-19.