Нови 104 заболени со Ковид-19 во Хрватска, починаа трoјца


 

Во изминатите 24 часа во Хрватска три лица починаа од корона вирусот, а потврдени се 104 нови случаи, со што бројот на активни случаи се зголеми на 1.112.

Во болница се 132 заболени, а седум се на респиратор. Во изминатите 24 часа тестирани се 1.417 лица.

Вкупниот број на заболени во Хрватска е 4.634. Досега се теситрани 108.222 лица.