Новата руска вакцина против ковид ќе се вика „Спутник Пети”


Фото: АП

Русија-Русија својата прва регистрирана вакцина против коронавирусот наменета за странскиот пазар ја нарече „„Спутник Пети” по првиот светски сателит, изјави денес шефот на здраствената фондациjа Кирил Дмитријев.

Русија веќе добила понуди од 20 земји за милијарди дози од новата вакцина, пренесува Ројтерс.

Дмитријев се обрати на новинарите откако рускиот претседател Путин соопшти дека е регистрирана првата вакцина против короната по 2 месеци тестирање на луѓе.

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на можно тестирање на безбедноста и ефикасноста на новата вакцина против Ковид-19 одобрена во Русија, соопшти денеска портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

– Ние сме во близок контакт со руските здравствени власти и во тек се разговори за евентуална проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, но овој процес вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност, рече Јашаревиќ на брифинг на ООН во Женева.