Новата кредитна линија од 8 милиони евра бескаматни кредити помина на Влада

Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки.

Бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места и за подобрување на ликвидноста на фирмите, објави вечерва министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.

Најмалиот износ на кредитите е 3.000 евра, а највисокиот до 90.000 евра. Кредитите се доделувааат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци.