Новата истрага за Јанева за бонусите


Екс специјалната обвинителка  Катица Јанева, на која вчера и беше изречена казна затвор од седум години,  се соочува и со нова предистрага.

Ова го соопшти обвинителката Вилма Русковска по вчерашното изрекување на казната,а станува збор за начинот на кој Јанева ги делела бонусите во СЈО. Недоследности во исплатата на високите надоместоци утврдила и државната ревизија.

Во СЈО се делеле бонуси во илјадници евра. Најмногу пари за доверливост има земено токму Јанева – 157 илјади евра. Останатите специјални обвинители добиле бонуси меѓу 70 и 100 илјади евра.