Новата Барби му оддава почит на Дејвид Боуви


САД – Педесетгодишнината од издавањето на легендарниот албум „Space Oddity“ на Дејвид Боуви ќе биде одбележана со специјална кукла инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Во песната „Time“ од 1973 година, Дејвид Боуви ги спомнува познатите кукли Били.

Сега, 50 години по објавувањето на „Space Oddity“, може да се каже дека тоа е куклата Барби.

Производителот на играчки „Мател“ најави нова колекционерска фигура инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Куклата е облечена како глем-рок алтер егото на познатиот пејач, со црвени чизми и шминка.

Новата фигура е направена во соработка со архивата на Дејвид Боуви и ќе чини 50 долари.