Новаковски: По овие избори ни треба нов модел на ДИК


Во „10МИНУТИ“ на ТВ21, гостин беше поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски. Тој рече дека после овие избори и дефинитивно треба да се размисли за нов модел

„Овој модел на ДИК е од 2006 година. Треба да се прави анализа на секој изборен процес. ДИК треба да ги има подготвено сите анализи. Во конкретниот случај, ние имавме случај кога во ДИК беа судии на Врховен суд, и создаваа одреден баланс, и се реши да се тргнат, се отиде на моделот ДИК по предлогот на политичките партии професионално да се вработени. Сето тоа ми дава со право дека после овие избори, треба сериозно да се размисли за нов модел и нова поставеност“, рече Новакоски.