Нова веб-страница на Државниот завод за статистика


Државниот заводот за статистика (ДЗС) соопшти дека има нова веб-страница која веќе е достапна за користење.

Веб-страницата, посочуваат од ДЗС, е редизајнирана и овозможува побрз и поедноставен пристап до најновите статистички податоци и информации на јасен и разбирлив начин.

Новата веб-страница на ДЗС е достапна на следниот линк – https://www.stat.mk/.