Нова технологија на снимање јасно го покажа изворот на долг Ковид во белите дробови
Иако вакцините против Ковид-19 спасија милиони луѓе во светот, речиси секој десетти кој преболе корона вирус уште има симптоми по поминувањето на првата инфекција.
Пациентите со долг Ковид пријавуваат запрепастувачка бројка од преку 200 симптоми, меѓу кои вртоглавици, дијареа, недостиг на здив и умор, кои траат со месеци и години.
„Фрустрирачки е што пациентите со долг Ковид кои имаат проблеми со дишењето имаат нормални резултати на стандардните клинички тестови“, вели пулмологот Мајкл Никлсон од болницата „Свети Џозеф“ во Лондон.
Но, нова техника на снимање јасно го покажа изворот на нивните проблеми со дишењето.
„Наодите покажаа дека постои физиолошко влијание на белите дробови на пациентите што е во корелација со нивните симптоми“, вели Никлсон.
Абнормалност во протокот на кислород низ респираторната мембрана
Скенирањата покажуваат голема штета која Ковид-19 може да ја направи на нашите дишни органи. Без разлика дали се работи за самиот вирус или одговорот на нашето тело, доаѓа до процес кој значително ја намалува функцијата на градните жили во кои се одвива многу важна измена на гасови“, пишува Science Alert.
Физичарот Александер Матесон и неговите колеги од Универзитетот Вестерн на 40 испитаници, од кои 36 со симптоми на долг Ковид, им дале да вдишат поларизиран изотоп на гасот ксенон. Овој гас овозможува при магнетна резонанца на одредена фреквенција да се следат активностите на ситните дишни патишта и крвните садови.
„Кај оние кои имаат долг Ковид и проблеми со дишењето, дури и ако не биле во болница додека биле болни, видовме абнормалснот во протокот на кислород низ респираторната мембрана во црвените крвни зрнца“, рече биофизичарката Грејс Парага од Универзитетот Вестерн.
„МРИ покажа дека кај пациентите со долг Ковид има намален проток на кислород во црвените крвни зрнца во споредба со здрави пациенти“, додава.
Пациент три месеци не можел да се движи поради проблеми со дишењето
Научниците наведоа неколку потенцијални механизми кои би можеле да стојат зад измената на гасовите: жилите можеби ја изгубиле својата флексибилност, што го намалува количеството на крв достапна на ксенонот, поради промена во другите жили можеби дошло до нов образец на проток на крв која не доаѓа толку до подрачјето на замена на гасови или постои физичка блокада која ја спречува крвта да дојде до тоа подрачје.
„По заразата со Ковид бев на кислород речиси два месеца и ми требаа речиси три месеци да можам да шетам без проблеми во дишењето“, рече еден од испитаниците, Алекс Копач, кој освои златен медал на Олимпијадата во дисциплината боб.
„Мора да имаме на ум дека овој вирус може да има многу сериозни долгорочни последици, кои не се безбачајни. Во мојот случај, пред да се разболам, не мислев дека корона вирусот страшно ќе ме погоди“, додаде.
Истражувањето кое е наречено Persistent 129Xe MRI Pulmonary and CT Vascular Abnormalities in Symptomatic Individuals with Post-Acute COVID-19 Syndrome и објавено е во магазинот „Радиологија“.