Нова спогодба за воздушен сообраќај со Велика Британија по најавите за излез од ЕУ


Инфраструктурните проекти во државава и потребата од потпишување нова спогодба за воздушниот сообраќај со Велика Британија, биле теми на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Сугарески ја информирал амбасадорката за инфраструктурните проекти што се реализираат во државава, како и за реформските закони што се спроведуваат за усогласување со европската регулатива.

– На средбата разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Ја информирав амбасадорката за сите капитални проекти. Исто така, зборувавме и за Спогодбата што треба да ја потпишеме во насока на регулирање на авиосообраќајот меѓу двете земји, по најавите за излез на Велика Британија од Европската Унија, изјавил министерот Сугарески, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Меѓу останатото, ги потенцирал проектите за изградбата на железницата на Коридор 8, гасификацијата, како и подобрувањето на патната инфраструктутра, како дел од паневропските коридори.

Изразил и благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија и ја дава на држвава.