Нова сезона во ПМФЛ: Шкендија тргнува од Струмица, Вардар од Скопје


Шкендија ќе почне со одбрана на титулата во домашниот фудбалски шампионат со гостување во Струмица кај Академија Пандев, Вардар игра на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров, Работнички ќе оди на мегдан кај дебитантот во конкуренцијата, Струга Трим Лум, повратникот Борец ќе патува на скопски Чаир на соочување со Шкупи, а Ренова ќе го дочека Силекс. Ова е резултатот по вчерашното извлекување на натпреварувачките броеви со кои беше изготвен и возниот ред за Прва лига за сезоната 2019/20.

Прво коло е закажано за 11 август (17.30 ч.) и по два меча од секое, согласно отстапените ТВ права на ФФМ на ТВ Арена Спорт, ќе бидат пренесувани на регионалната спортска платформа, а во проектот е вклучена и МТВ. Изборот на мечеви ќе се утврдува дополнително како и нивното поместување во денови од викендите. Договорот е на две години со можност за продолжување на соработката и во иднина, се разбира, во случај на двострано задоволство и расположение.

 

„Вие сте столб на оваа федерација. Со директните преноси на ТВ Арена Спорт и на МТВ добивате голема можност за промоција, а со договорот сте ослободени од плаќање на котизација. Остануваме ваш сервис за подобрување на имиџот и пто подобра презентација на домашната лига. Наша задача е да бидеме чувари вредностите на фудбалот и да работиме на негова поголема популарност“, е пораката што претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, ја прати до клубовите преку нивните претставници по вчерашната ждрепка.

Со договорот меѓу ФФМ и ТВ Арена Спорт и МТВ се опфатени и мечевите во македонскиот фудбалски Куп, но слика, според најавите, ќе оди од пет меча – полуфинале (дома-гости) и финале. Првата рунда (шеснаесетфинале, еден меч) во најмасовното фудбалско натпреварување е поместена за 21 август (17 ч.). Второлигашите, пак, во сезоната 2019/20 ќе тргнат од 24 август (17 ч.), двојките ќе бидат дополнително одредени како и за Купот на С. Македонија.
Во улога на бранител на титулата во ПМФЛ е Шкендија, а екипата на Академија Пандев на тронот во Купот. (С.Ѓ.Д.)

Распоред на натпревари за првиот круг во ПМФЛ за сезоната 2019/20

1 коло (11 август, 17.30 ч.)
Академија Пандев – Шкендија
Вардар – Македонија Ѓорче Петров
Струга Трим Лум – Работнички
Шкупи – Борец
Ренова – Силекс

2 коло (18 август, 17 ч.)
Силекс – Шкендија
Борец – Вардар
Работнички – Шкупи
Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев
Ренова – Струга Трим Лум

3 коло (25 август, 17 ч.)
Вардар – Работнички
Шкендија – Македонија Ѓорче Петров
Академија Пандев – Борец
Струга Трим Лум – Силекс
Шкупи – Ренова

4 коло (31 август, 16.30 ч.)
Работнички – Академија Пандев
Борец – Шкендија
Ренова – Вардар
Струга Трим Лум – Шкупи
Силекс – Македонија Ѓорче Петров

5 коло (14 септември, 15.30 ч.)
Шкендија – Работнички
Вардар – Струга Трим Лум
Шкупи – Силекс
Академија Пандев – Ренова
Македонија Ѓорче Петров – Борец

6 коло (18 септември, 15.30 ч.)
Шкупи – Вардар
Ренова – Шкендија
Работнички – Македонија Ѓорче Петров
Струга Трим Лум – Академија Пандев
Силекс – Борец

7 коло (22 септември, 15.30 ч.)
Борец – Работнички
Шкендија – Струга Трим Лум
Вардар – Силекс
Македонија Ѓорче Петров – Ренова
Академија Пандев – Шкупи

8 коло (29 септември, 15 ч.)
Вардар – Академија Пандев
Шкупи – Шкендија
Силекс – Работнички
Ренова – Борец
Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров

9 коло (6 октомври, 15 ч.)
Шкендија – Вардар
Академија Пандев – Силекс
Работнички – Ренова
Борец – Струга Трим Лум
Македонија Ѓорче Петров – Шкупи

Новата сезона во ПМФЛ ќе бидат присутни на МТВ и на ТВ Арена Спорт. Изборот за пренос на мечеви ќе се утврдува дополнително како и нивното поместување во викендите согласно договорот по еден натпревар во сабота и во недела.