Нова премиера на „Илуминати“ во Театар Комедија

На главната сцена во Театарот Комедија утре ќе се прикажува нова премиера на претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Хичкок – „39 скали“.
Жанровски оваа претстава претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик.
„Илуминати” е во режија на Синиша Евтимов, а играат Валентин Костадиновски – Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски.
Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан – Тино Костадиновски, кој заедно со плејадата споредни ликови, интерпретирани од тројца актери – Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски, нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија.
Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографија на Ивана Каранфиловска Угуровска. Дизајн на звук е на Георгиј Полизов, а тон-мајсторите се Георгиј Полизов и Томи Анчов. Дизајн на светло на Мартин Манев, а светло-мајстор на Слободан Илиоски.
Претставата освен утре, ќе се прикажува и во сабота и недела, 19 и 22 ноември.