Нова необична книга за деца: Што има во шапката на волшебникот?

Во книжарниците на ТРИ книга по книга се комплетира едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ чија едногласна идеја за квалитетна литература ги освојува читателите. Со „Шапката на Волшебникот“ од Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ, литературата за деца се збогатува со уште едно, култно светско дело.
Туве Јансон е родена како најстаро дете во уметничко семејство. Татко ѝ бил финско-шведскиот скулптор Виктор Јансон, а мајка ѝ шведската илустраторка и цртачка Сигне Хамарстен-Јансон. Летата семејството ги минувало на крајбрежните острови, кои имале големо значење кога Туве Јансон ја создавала Муминската Долина. Откријте ги тајните на нејзините жители и придружете им се на Муминтрол, Снусмумрик и Сниф во новите авантури!
„Шапката на Волшебникот“ е третата книга на Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудесно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.