Нова надеж во лекувањето на Ковид: „Фајзер“ тестира нова таблета


 

Американската комапнија „Фајзер“ соопшти дека во САД се спроведува првата фаза на испитување на лекот против корона вирусот.

Лекот, кој се зема орално, и чиј работен наслов е PF-07321332, покажа силна ин витро антивирусна активност против Ковид-19, како и против други корона вируси, што укажува на неговиот потенцијал при употреба во лекувањето на вирусот, се наведува во соопштението на компанијата објавено на веб-страницата.

„Борбата со пандемијата од Ковид-19 бара превенција со вакцина и целен третман за они кои ќе се заразат со вирусот. Со оглед на начинот на кој вирусот мутира и континуираното влијание на Ковид-19, се чини веројатно дека пресудни ќе бидат терапевтските опции и сега и кога ќе заврши пандемијата“, изјави научниот директор и претседател на „Фајзер“ за светски истражувања, развој и медицина Микае Долстен.

Според ниго, лекот PF-07321332 може да биде потенцијална орална терапија која ќе може да се препише при првите знаци на инфекција, без потреба од хоспитализација или на интензивна нега.

Компанијата наведува дека лекот делува така што инхибиторите на протеазата се врзуваат за вирусниот ензим, со што спречуваат умножување на вирусот во келиите. Ја користи истата технологија која се користи за лекување на ХИВ и хепатитис Це, пишува Форбс.

Исто така, во тек се испитувања за лекот F-07304814 кој се дава интравенски на пациенти заболени од корона вирус и во моментот е во тек негова прва фаза од испитувањето на пциетнти кои се наоѓаат на болничко лекување.