Нова инвестиција на Алкалоид во Словенија


Компанијата Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина.


Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се инвестирани 400.000 евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е во 100 проценти сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Со оваа инвестиција компанијата ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на позициите на овие пазари.