Нова демократија со предност од девет отсто пред СИРИЗА


Еднопартиска влада на Нова демократија и влез во Парламентот за пет партии е предвидувањето на агенцијата за рејтинг Metron Analysis во истражувањето на јавното мислење спроведено за весникот „То Вима“ во пресрет на парламентарните избори во Грција на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Опозициската Нова демократија добива 38,5% и е има 9% предност во однос на СИРИЗА која е со 29,5%. На трето место е Движењето на промена со 8%, а потоа следат Комунистичката партија со 5,2% и Златна зора со 3,5%.

Партиите Грчко решение на Кирјакос Велопулос и МЕРА25 на Јанис Варуфакис, според истражувањето на Metron Analysis за „То вима“ не успеваат да ја достигнат потребната граница од 3% за влез во Парламентот.

Според рејтингот што произлегува од анкетата, основното сценарио е Нова демократија да добие доволен број на пратеници за да формира еднопартиска влада, а распоред на силите во Парламентот е следниот:

Нова демократија: 164 пратеници

СИРИЗА: 87 пратеници

Движење на промена: 24 пратеници

Комунистичка партија: 15 пратеници

Златна зора: 10 пратеници

Од анкетираните 44% посакува еднопартиска влада, а 51% коалициска влада.

Ма прашањето „кој е најсоодветен за премиер?“, Кирјакос Мицотакис добива 28%, а Алексис Ципрас 23%.