Нова „бомба“ за Заеви
На Јутјуб каналот насловен како „Вице Мафијашот“ се појави нова аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли“. На неа се слуша разговор помеѓу двајца мажи.
На почетокот на видеото на Јутјуб, се наведува дека разговорот го водат Стојче Чифлигароски. Tој е претставен како „сопственик на СВ Инвест, фирма параван на семејството Заеви за тендерите во РЕК Битола“ и Горан Димовски Тушникот од Битола.
На снимката се слуша како лицето кое е претставено како Тушникот, бара од Чифлигароски да му пуштат пари за да може да работи и објаснува како дошло до ситуација да е „блокиран“.
Од аудио бомбата Тушникот се фали дека наводно добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што правел проблеми, а бил од ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа воедно тврди дека Трајче Заев, братучед на Вице Заев, наводно дава црвени картони кој да се занимава со бизнис, а кој не.