Нова „бомба“ со Николоски и Јанакиески за диловите во Охрид


Александар Николоски

На јутуб каналот „Обнова на режимот“ објавен е разговор помеѓу Александар Николоски, носител во изборна единица четири и Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски

.Во овој разговор кој е именуван како „Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид“  се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, чие семејство е сопственик на градежна компанија. Од снимката се слуша како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.

Станува збор за четири згради во Охрид, кои биле дел од договор за избори со бизнисменот Нефи, за кого Николоски во снимката вели дека е „бандит“.

Јанакиески, веројатно надоврзувајќи се на претходен разговор, му вели на Николоски „Шефе, има некој план за Охрид, зградите што се во продолжение на Гранит“, на што Николоски одговара „никако, тоа е на Нефи, овој бандитов, Албанецов“, по што додава „тие му се дел од договорот за ова, за избориве, по 8-9 спрата се…никако, молим те“.

Споменатиот Нефи Усеини стана актуелен со прашањето за дивоградбите на Охридското крајбрежје, инаку советник во општината од редовите на ДУИ