Нова „бомба“ со Кичеец, се споменува Заев


На Јутјуб каналот „Раце лепливи“ попладнето се појави нов аудио материјал во кој повторно, како што се пишува во транскриптот, наводно се слуша гласот на Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ и на наводно, контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ- Дака.

Во снимката која трае околу 12 минути, двајцата соговорници ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.

Соговорникот кој зборува на српски јазик споменува дека му дал пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања кои му била дадени на Давидовиќ за бизниси поврзани со хидроцентрали и со ветерници во Тетово и во Штип.