Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром, поточно од Радишани до Ново Лисиче
Граѓаните од општините Бутел и Аеродром од вчера добија нова директна автобуска линија. Линијата 35 воспоставува директна врска меѓу Радишани и Ново Лисиче, овозможувајќи побрзо и полесно патување меѓу двата дела на Скопје.
Од Општина Бутел информираат дека воведувањето на новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност на населбите и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните.
Воедно, од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија, по линијата 37, која исто така беше воведена со цел подобрување на јавниот превоз и поврзаноста меѓу скопските населби.
„Поврзуваме населби, олеснуваме движење и создаваме подобра градска поврзаност“, порачуваат од Општина Бутел, притоа изразувајќи благодарност до градоначалникот на Град Скопје и до ЈСП за реализацијата на проектот.